Ратка имаше тотална доминација во куќата, а даљинското од телевизорот во дневната соба беше апсолутно под нејзина контрола.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Но таа разјасни дека всушност сака уредувањето на гробот да биде под нејзина контрола.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Најпосле, таа им соопштува на директорите дека дефинитивно ќе поднесе тужба, на што тие реагираат прилично нервозно – бидејќи не очекуваат нивни вработени да се одлучат на овој „радикален“ чекор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, како по обичај, по којзнае кој пат, нивниот збор нема никаква тежина и таа пак не го добива она што законски ѝ следува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но тоа утро, кога одникаде се појави токму тој, споменот на вториот прв бакнеж, таа сети како срцето само, без нејзина контрола, ѝ се поместува во градите за да го фати ритамот на мелодијата на капките што се слеваа по нејзиниот прозорец.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Имено, додека сè уште работеше во „Спектар“, таа беше сведок на тоа како фирмата, по налог на директорите, им врши градежно-занаетчиски услуги токму на инспекторите кои беа задолжени за нејзина контрола и надзор – без да им наплати за тоа, за да ако настане некој проблем за кој надлежен би бил Инспекторатот на трудот, тој проблем се реши во корист на фирмата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)