нејзин (прид.) - куќа (имн.)

И од нејзината куќа ќе се слуша сега песна - весела песна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А куќата навистина долго време беше осамена бидејки војникот на бел коњ, на кого многу нешта не му чинеа, пред време фати пат којзнае на која страна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Често имам помислувано дека во нејзината куќа, во планината можеле да наминат волци; можеле и разбојници да се втурнат; но во времето на војната можел да намине само понекој херој за да си ја згрее смрзнатата снага.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја остави јамата и се пресели во нејзината куќа. Тоа беше црковно врзана двојка што уживаше во златниот заб на жената и жолтите чевли на мажот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но таа имаше строг нос и јас веднаш се повлеков до ѕидот на нејзината куќа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И дојденцине сукаат мустаќ околу нејзината куќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Па, ете, стар си. Ќе ти стане жена и ќе мавта со опашката по други.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Прав си, здрав си. Со свои раце си го вадиш лебот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А Фиданка - била ли и таа со жените? - Ами... На Фиданка не ѝ треба поп туку нешто друго.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги зел чеканите и отишол во една од многуте пештери на ридот да обработува воденички камења, поточно - пошол последен, неговите веќе ги клукале карпите со железни клунови и пиеле со стврднатите дробови прав на осакатени карпи што многу подоцна, под притисок на вода, ќе станат бучлив живот во воденица, но некој будник од дружината го прераскажал разговорот помеѓу Доце Срменков и Фиданка Кукникова - патот кон пештерите проаѓал крај нејзината куќа со еден прозорец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- По тебе, нели? - Зошто по мене? Други ноќе акаа околу нејзината куќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што, на? Фиданка Кукникова има дваесет и седум години и ќе ги надживее и помладите во селото, Е, на! Но тебе, престаренику, на! Разбираш?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А нејзината куќа треба малку да се искрпи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Црна наметка облекла и црна забратка забрадила.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во војна време многу луѓе истепале, селиштата ги сринале, куќите - 'ржаници ќуљ станале.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Студен камен ѝ легнал на градите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еден ден синот на Карабеќерица ѝ го убиле во П'џов Дол, близу нејзината куќа. Напасниците немале грев.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Не се сеќавам што сум можел да ѝ раскажам за себе, можеби сè освен играта, но тоа тогаш не е ништо, во еден момент се насмеавме, некој од нас прв се пошегува па потоа откривме дека ги сакаме истите цигари и Кетрин Денев, ми допушти да ја испратам до портата од нејзината куќа, пријателски ја испружи раката и се сложи да биде во истото кафуле во исто време следниот вторник.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во некој момент сигурно забележала, застанала молкум да ме набљудува како и самата нешто да очекува; веќе беше невозможно да не ме издаде напорот да го продолжам тоа затишје, да не го прифатам тоа пак да се вратат наспроти Мари-Клод, против Мари-Клод која не можеше да разбере, која молчешкум ме гледаше исчекувајќи; да се пие и пуши и да се зборува со неа, за до последниот момент да се одбрани слаткиот интеррегнум без пајаците; да се запознае нејзиниот едноставен живот работа-дома и сестра студентка и алергиите; да се сака, така да се посакува тој црн прамен што ѝ го чешла челото, да се сака таа како цел, како стварно последна станица на последниот метро во животот, а тогаш - бунар, тоа растојание од мојот стол до онаа клупа каде што можевме да се љубиме, кадешто мојата уста можеше да го испие првиот мирис на Мари-Клод пред во прегратка да ја однесам до нејзината куќа, пред да се качиме низ оние нејзини скали и најпосле соблекувајќи ја од себе толкавата облека и толкавото чекање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Таму, во нејзината куќа.“ „Чекај“, придушено рече тој.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И само заради таа пена што почна да му ја обвиткува свеста со врело злато стврднувајќи се полека во непробоен оклоп, се моташе околу нејзината куќа претпазливо и со возбудено срце нараснато до грло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во познатиот тунел на улицата најде пред нејзината куќа дете на сламено столче и со дрвена сабја на коленици.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А мачката? Тоа беше мачно: да ја оставам можеби е добро, зашто во нејзина куќа ја оставам, како што една мачка си сака, да ја земам, ќе биде добро, зашто би била згрижена.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
По опоравувањето од операцијата, кала се врати в село и нејзината куќа постојано беше посетувана од селаните кои беа љубопитни да го видат детето што има запче, а и да дознаат поподробно за оној редок скаменет плод што ѝ го извадиле од неа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Помислуваше дека не е дома и ја бараше на сите страни; се качуваше на брегот, гледаше кон полето, кон нејзината нива, но ја немаше; се враќаше кај нејзината куќа и продолжуваше да свири во бавчата и да фрла каменчиња на прозорецот од нејзината одаја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Одеше кај нејзината куќа, влегуваше во бавчата и свирнуваше со устата давајќи ѝ знак да излезе.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Слепата Донка викаше од чардакот на нејзината куќа по луѓето да не ја остават сама, да ја земат и неа ако бегаат некаде, но никој не ја слушаше од плускањето на дождот; како што водата растеше и ја зафаќаше куќата, така и Донка бегаше од долниот кат на горниот и пушташе камен врзан на конец, пласкаше по водата за да чуе до каде е нарасната.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Па не ѝ беше за бадијала изметот. Што носеше попот од село — сето ѝ го даваше нејзе, преку некаква снаа од втор трет братучед, кај која Анѓа се прибра со братчето кога попот ја напушти нејзината куќа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го чистиш снегот и пред нејзината куќа зашто така си васпитан од мали ноги.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Кога ќе го заземеа градот грчките војници, тогаш таа ќе им проговореше како Гркинка, за да ја остават нејзината куќа со чедата, да ја поштедат, од воените деј­ствија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во денови кога ќе немаше напад Наќо, вртеше околу нејзината куќа, ја викаше да излезе, но таа се криеше, се затвораше и плачеше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И така, не му преостанувало ништо друго освен да појде до нејзината куќа по лекови и мелеми и леле! колкава изгореница имал на лицето, под очите!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Голото смрзнато полжавче, кое тукушто го фрли на земја ветрот, беспомошно викаше пред нејзината куќа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Брзо отиде кај неа. Ја затекна пред нејзината куќа без нозе и во инвалидска количка.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ане седеше на едно столче и гледаше накај нејзината куќа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Седи Крстовица потпрена врз студениот камен и низ солзите се се мачи да продре во далечината во која низ замаглината на солзите се појавува нејзината куќа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Добар дел од неделата седев во паркирана кола и ја набљудував влезната врата со фанатична предаденост на ходочасник пред светилиште.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ништо. Таа ниту влегуваше ниту излегуваше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бдеев пред нејзината куќа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Секоја како што ќе дојдеше каленицата со вино ќе му ја подадеше на мажа си или на стопанот од нејзината куќа, најстариот, сеедно дали свекорот или деверот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во секој случај, јас, будалата, излегов од нејзината куќа извалкан и истуркан, со убиена надеж дека сепак Гала ќе ме прифати.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со други дваесетина и мажите од нејзината куќа ги наоѓаат по планината.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)