нејзин (прид.) - младост (имн.)

На чардакот, боса по алови чорапи, во нова алова мариовска носија, со срмени кистови, скопци, павти, решмиња и гушниче од петолирки, ги служеше Сивевите гости убавата Велика Бендерова, чиј што маж, Митре Бендеров, беше вечен момок кај Сивета, заради нејзината младост и убавина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој си замислуваше како го полнат нејзиниот град илјадници од оние млади распашани луѓе, што самозадоволно се покажуваат, убави и дрски, и дека некој ќе ја придобие неа, неопитната, ќе ја упропасти нејзината младост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Дека ја имам само песната, дека се плашам да не ја навредам нејзината младост, дека имам само една тврда надеж: најголема близост е страдањето за двајцата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ако е сама, и таа ќе копнее, не како него, лошо и налудничаво, зашто тој старее а таа има седумнаесет години, ќе копнее убаво и жаловито како ластовица, и не за некого, зашто нема приличен пред нејзината младост, а така сама од себе дека е толку чудно убава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не само што ја бележи нејзината младост, туку и самиот почеток на нашиот век.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сѐ се случуваше премногу брзо, нејзината младост и убавина го плашеа, беше премногу навикнат да живее без жени - не знаеше што е причината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Изгледа дека тие со векови заедно се граделе, заедно растеле, зашто и денес катедралата се чува грижливо за да не ја нагризе забот на времето и луѓето се трудат да ѝ ја зачуваат нејзината младост.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бунтовноста на оваа жена многу ја потсетуваше на времето од нејзината младост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Боже! - помисли Никодин гледајќи ја Рада на вратата. Во миг ја виде Јана од нејзината младост. - Иста!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во нејзината младост, јавната и отворена љубов беше непојмлива.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не сакаше да признае додека го слушаше брчењето на комарците: Јана не беше како сите други, дури како и онаа Марија, неговата последна љубов, нејзината младост сѐ повеќе го жежеше и го фрлаше во очаена осаменост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Да, секако, не ја прашал, само се подал и ја зграпчил под глуждовните споеви на лактите, груб, наморничавен, болен од јад заради повторениот почеток на настанот што го гледал пред тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не се тргнала. Нејзината младост можела да стане сенка на друга младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја уапси нејзината младост со големиот катанец на изолација од недоразбирање, го видов крајот на нејзиниот сензибилитет...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Солун на нејзиното детство и Италија на нејзината младост, беа двете дестинации на нејзиниот животот, две патувања кои не престануваа во нејзината душа, двете носталгични точки на надежта, на животот, особено во поодминатите години на нејзиниот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Солун на нејзината младост, а нејзината пролет беше близу, на еден галебов лет, но требаше да се мине границата, поради која бевме емигранти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)