нејзин (прид.) - одаја (имн.)

Царот нѐ повика сите, советници, асикрити и граматици, во нејзината одаја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И таа во нејзината одаја имаше икона на Архангел Михајло.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Големото уво на собирот слушаше и потоа стана голема уста.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И пак Бонети ноќе се искрадуваше до нејзината одаја, ѕиркаше низ прозорецот да види дали спие и бараше начин како да ѝ влезе, како да ја отклучи вратата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но отец Иларион знаеше дека Бонети не мирува, па често кога ќе го насетеше дека се вртка крај нејзината одаја, ќе се накашлаше давајќи му знак дека е буден, или ќе ја отклучеше вратата од својата одаја давајќи му време на Бонети да се повлече, да не дојде до кавга, до расправија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ѕидовите во единствената нејзина одаја онемеа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Помислуваше дека не е дома и ја бараше на сите страни; се качуваше на брегот, гледаше кон полето, кон нејзината нива, но ја немаше; се враќаше кај нејзината куќа и продолжуваше да свири во бавчата и да фрла каменчиња на прозорецот од нејзината одаја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)