- Не сакаш да ја венчаш мојата сосетка Фиданка зашто и ти значи си ја спровирал ноќе главата низ нејзиниот прозорец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но тоа утро, кога одникаде се појави токму тој, споменот на вториот прв бакнеж, таа сети како срцето само, без нејзина контрола, ѝ се поместува во градите за да го фати ритамот на мелодијата на капките што се слеваа по нејзиниот прозорец.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Од викање под нејзините прозорци заборавивме дури да одиме на појадок.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Секогаш ѝ доаѓаше кога беше сама – кога ќе се разбудеше со мекото тропкање на дождот по олуците над нејзиниот прозорец, се будеше во носталгија.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Милчо постојано стоеше на прозорецот од својата куќа, гледаше кон нејзиниот прозорец, гледаше во нејзиниот двор, но попусто; неа не можеше да ја види.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
На нејзиниот прозорец тропкаше дождот, тропкаа птиците пред да заминат со есента, тропкаа пожолтените гранки, тропкаше осаменоста.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Улица, дожд. Бол во рамото. Во далечина - нејзиниот прозорец без светлост, а јас сакав да видам млечен квадрат и модра силуета во него.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
- Добро, рекла една од жените и ја затворила вратата на плевната.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И кога се слушна дека таа се фати со Албанецот кого го викавме Форца Кароца (веста ја пушти ноќниот чувар, Грк од Епир), ние најмногу викавме да си оди, извикувајќи под нејзиниот прозорец најпогрдни зборови.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)