нејзин (прид.) - став (имн.)

Ако делото на Бурдие може да се смета за деконструктивно, тогаш тоа е такво во една специфична смисла.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неговиот примарен интерес е степенот до кој местото на индивидуата во социјалната структура - на пример, во академскиот свет - го одредува нејзиниот став за животните прашања.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Потоа се сретна со Комисијата, и им ја кажа целта на своето доаѓање; им кажа дека е испратен од Владата за да ги пренесе нејзините ставови со кои се инсистира Комисијата во својата работа да ги има предвид историските, националните, етничките, културните, верските и јазичните карактеристики на Подрачјето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но, тоа не беше најстрашното: најстрашно беше тоа што ние живеевме во еден сосема реален и стварен свет, светот на Партијата; ги делевме нејзините ставови за светот и животот, а Јан Лудвик дојде од некаде, упадна во тој свет и сериозно ги разниша нашите убедувања; тој, со други зборови, сериозно се закани дека ќе го уништи тој свет, дека ќе го дупне, како меур од сапуница, и ние ќе останеме – надвор од него, во некаков безвоздушен простор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И во поглед на Македонија САД се приклониле кон британскиот став за признавање на македонската држава како федерална единица во федеративна Југославија, во која би влегле територии што претходно ѝ припаѓале на Југославија, а „оставајќи им ги македонските“ делови во Грција и во Бугарија на овие „респектирани земји“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
САД ја поддржувале Британија во нејзиниот став за поврзување "сојузнички и непријателски земји со можност на вклучување и на Турција", но биле против некаква ексклузивна "унија или федерација" меѓу Југославија и Бугарија, "зашто тоа не би придонело за напредување кон поширокото групирање и исто така би ја изолирало Грција и би ја загрозило нејзината положба".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како и да е, бев повреден, или барем така се чувствував, затоа и толку золчно реагирав во врска со оној нејзин став во кој се заложи против моето право на отсутност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На страната на Вујошевиќ немаше полномошник. Имено таа самата се застапуваше.4
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова таа го истакнува како голем апсурд и недостаток во функционирањето на Синдикатот: имено, нејзиниот став по ова прашање е дека се јавува голема нелогичност кога вработени од синдикатот имаат спор со ССМ – за нив да нема никаков обѕир од тамошната правна служба, односно тие да немаат право на бесплатна правна помош, односно квалификуван правен застапник од својот синдикат во кој едновремено и работат, но и членуваат!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)