Исклучиво насочувањето кон стилот имплицира еден посебен став спрема општественото производство и распределбата на уметноста - поставува одредени граници за материјално-техничкото производство на уметноста, како и одредени барања околу нејзиниот статус и корисноста, како и секоја друга идеологија.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Стрејт-мажите мораат да научат да играат една или друга верзија на хетеросексуалната мажественост, а можат да имаат и свест за неавтентичноста на обликот – можат, и тоа како, да ја сметаат за нешто задушно наметнато врз нивните спонтани инстинкти.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Голем дел од она што го напишав тука за машката хомосексуалност – за нејзиниот статус како особен општествен облик, за нејзината изведбеност, за нејзината неавтентичност, за неможноста на еден општествен идентитет да ја долови желбата што го дефинира – може да се каже и за хетеросексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тие не си ја доживуваат желбата како доказ за својата човечка дејственост, како потврда на природноста на нивната човечка природа, како израз на нивната спонтана усогласеност со природниот, даден свет.469 Не можат да ги восприемат своите инстинкти, своите емоции, своите копнежи и похоти како зададени поставки на универзалната човекова природа, како очигледни, нагледни и сосема усогласени со начинот на кој нештата си се по природа – накратко, со човечката природа.
Многумина хетеросексуалци се отуѓени и од хетеросексуалната култура, од културата на хетеросексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За разлика од хетеросексуалците со нормални желби – кои (да се послужам со зборовите на геј-поетот Френк Бидарт) „живеат како, иако она што го/посакуваат е токму она што од нив/се очекува да го посакуваат, божем тие самите да посакуваат“ – геј-мажите не можат да си ја побркаат желбата со некаква потврда и ратификација на нивниот субјективен суверенитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тие се на одредено растојание од она што важи за невино, спонтано, природно чувство, од оној вид на чувство што изгледа природно – доколку сосема се вклопува во хетеронормативните општествени конвенции и доколку влегува во тие конвенции и не ги оспорува и прекршува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)