нејзин (прид.) - ученик (имн.)

Тука беше и канабето со сина простирка, со книги на сталажата, кои чекаа да бидат читани, а потоа коментирани со нејзините ученици.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Госпоѓа Мариела покажа инвенција во примената на својот метод надворешните фактори, што во тој момент ги чувствуваат нејзините ученици, да ги доведе во корелација со содржината на предавањето и притоа да го испитува психолошкото поведение на присутните.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Салонот во кој Агата и нејзините ученици музицираат, го сочинува мебелот наследен од татко ѝ: неколку комоди, две тешки фотелји, два шемизета, на другата страна пијанино со два свеќника обликувани во југендстил, а отспротива и маса од темно буково дрво со шест трпезариски столици со ногарки обликувани во лавји шепи, тапацирани во тежок црвен сомот со вегетивни интарзии.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)