нејзин (прид.) - учество (имн.)

Уште еден аргумент што одел во прилог на тоа да не го прифатат формирањето на југословенско-бугарската федерација лежел и во фактот што со тоа Бугарија, како земја која се борела на страната на нацифашизмот, би ги избегнала последиците коишто требало да ги поднесе поради нејзиното учество во двете светски војни на страната на Германија, а против нејзините балкански соседи и против западните демократски сили.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британскиот политички естаблишмент можел да остане наполно задоволен од одговорот на Министерството за надворешни работи на САД во врска со македонското прашање и југословенско-бугарската федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, тие сметале дека со тоа би се оневозможило Бугарија да ги сноси последиците од нејзиното учество во двете војни на страната на Германија против нејзините соседи и против западните демократски сили.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во однос на македонското национално прашање, уште на самиот почеток тие гледале да не дозволат негово решавање, нагласувајќи ја готовноста да прифатат само формирање македонска држава во идната федеративна Југославија, но барале гаранции дека "таа држава нема да анектира или да полага право на какви било територии што ѝ припаѓаат било на Бугарија било на Грција, врз основа на тоа дека тие територии се македонски".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Можеби поради нејзиното присуство не само во собана туку и во моите размисли?) Всушност во објаснувањата во кои непотребно се бев вплеткал избегнав една голема глупост, посакав во еден момент и себеси да се спомнам како жртва на оние многу чудни одлуки што не ги донесува здравиот разум туку насмевката или своеглавоста на моќникот. (А нели, неупатените се уште и мене ме сметаа за моќник) Но за среќа навреме се сепнав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Облекувајќи ми ја таа не најде за потребно да објасни од каде ѝ е.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А можеби ја чувала како скапоценост, или како заслужен трофеј од нејзиното учество во настаните.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бев дојден да и ги објаснам поединостите околу месечната помош што ќе ја добива поради нејзиното учество во војната. (По вторпат денес се присетувам на овој случај!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)