нејзин (прид.) - фотографија (имн.)

Ете тогаш, кога жителите на Потковица и на околните села ја нападнаа железничката станица, беше нашле една фотографија од Тањушка, во позлатена рамка, и дали од простотилак или од пакост и на подбишега, зашто го мразеа татко ѝ, за божем дека бил посрбен, ја прогласија девојката за светица и со нејзината фотографија напред носеа покрсти - одеа низ полето и молеа бога да падне дожд, за да ги наквасел полињата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Ти праќам и една нејзина фотографија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Почна да ми покажува нејзини фотографии како позира, на телефонот имаше најмалку стотина нејзини фотографии.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Немавме барем нејзина фотографија.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Џоди Фостер ми се смешкаше од нејзината фотографија спроти мојот кревет.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја обожавам зашто е посебна, различна од другите, славна, моќна, успешна, а недопирлива.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Стојанов okno.mk | Margina #17-18 [1995] 51 52 Margina #17-18 [1995] | okno.mk ЛОКАЛНА СЦЕНА okno.mk | Margina #17-18 [1995] 53 БУДЕ „Во што да се мисли“ или курс по филозофија 54 Margina #17-18 [1995] | okno.mk okno.mk | Margina #17-18 [1995] 5556 Margina #17-18 [1995] | okno.mkokno.mk | Margina #17-18 [1995] 5758 Margina #17-18 [1995] | okno.mkokno.mk | Margina #17-18 [1995] 59 КОЛАж 60 Margina #17-18 [1995] | okno.mk okno.mk | Margina #17-18 [1995] 6162 Margina #17-18 [1995] | okno.mkokno.mk | Margina #17-18 [1995] 63 ЧЕКАЊЕ Илустрација: Ösorojo На креветот во неред лежеа нејзините фотографии.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Така луѓето ја препознаваа по улиците, ѝ дофрлуваа погрдни зборови и камења, ја плукаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нејзините фотографии се појавуваа по весниците поврзани со зборот анархија, беше упадлива по својата неупадливост – наместо деликатните фризури на тоа време нејзината коса беше едноставно кратка, наместо фустаните со тантели, машни, вештачки цветови, и ленти, беше првата жена во Виена која носеше панталони.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)