нејзин (прид.) - розов (прид.)

Но колку и да се труди, неговите усни не оставаат никаква трага по нејзината розова, детска кожа - таа не се возбудува, или барем тоа не го покажува.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Нејзините розови колена се припиени во сините панталони на морнарот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Андон особено сакаше да ја почувствува разликата меѓу двете жени во делот во кој тие беа најжени и затоа сега, кога целосно се вовре во Азра, во нејзината розова устинка меѓу нозете со подбрикнати удинки по страните, не само што не ја штедеше, туку немилосрдно ја плескаше офкајќи од сласт и викајќи необично силно: „Ова е лудница, гарант!“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Наеднаш, кога Балот сосема испари од сферата на неговото интересирање, негде попладнето, кога дефинитивно беше објавен денот на одржувањето на оваа забава секретарката Јованка влезе во канцеларијата со поканата в рака и тоа држејќи го пликот поткренат над градите, речиси допрен до нејзините розови усни.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)