нејзин (прид.) - чуден (прид.)

Мене навистина ме збунуваат нејзините чудни размислувања и изместените констатации.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас го застапувам дишењето на нашиот млад свет, ништо повеќе или помалку!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се сети на Бларни-каменот на девојката, на нејзиниот прамен коса, и на сите нејзини чудни верувања.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Последното такво собитие се случи со ќерката на логотетот (за ќерката на царот и за нејзината чудна смрт ви преподадов сѐ верно), која се роди слабоумна сосем, и логотетот само на Писмородецот му го беше доверил воспитанието и стекнувањето со ука нејзино, а овој го прими тоа со голема почест.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А кој го застапува дишењето на нас, постарите, ја прашав кога во еден од нејзините интервјуа ја сретнав размислата за нејзиното дишење!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)