нивен (прид.) - безбедност (имн.)

А, пак, според актуелниот ЗБЗР (2007): Кога еден или повеќе 214 вработени го напуштиле работното место или опасната зона, заради непосредни или неизбежни опасности по нивната безбедност при работа, тие не смеат да бидат ставени на одговорност заради нивна реакција во вакви случаи (чл. 25, зт.4 од ЗБЗР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За овие работници, работодавачот е должен да ги процени сите ризици по нивната безбедност и здравје и врз основа на стручна процена, од соодветен лекар, за здравствената состојба и подготвеноста на работниците од овие ризични групи да усвои соодветни мерки.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Како повреда при работа се сметаше и повредата што ќе ја претрпи осигуреникот во вршењето на серијата таксативно наброени „општокорисни“ работи (в. поранешен чл. 44, ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Затоа нивниот став бил против склучување таков сојуз пред склучувањето мир меѓу Бугарија и Обединетите нации.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во однос на прашањето за југословенско-бугарската федрација Стејт департментот сметал дека таквата федерација повеќе би претставувала пречка отколку фактор на стабилност во југоисточна Европа, образлагајќи го тоа со фактот дека "соседните несловенски држави, вклучително и Турција, тоа би го сметале како опасност за нивната безбедност".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)