Кадијата се наврати нешто во кадилакот и кога погледна преку прозорецот и ги виде селаните на чело со добро познатите нивни водачи поп Јаков, Димитрија и други што беа пред две-три недели кај него, јасно му стана дека не идат олку луѓе кај него за арно.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Имаа темно сини униформи, беа кратко истрижани и очигледно, барем некои од нив беа нестрпливи претседателот што побрзо да го потпише указот со кој што се откажува од својата функција и во име на воспоставување на јавниот ред и мир, целата власт му ја препушта на нивниот водач, генералот Стојан.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Според доктрината на нивниот водач, Бог можел да биде само човекот-светлина, од тело составено од таинствените значења на арапските курански букви...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)