Можеби на таков пат бев појден во преписката со Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тоа е јасен доказ оти нејзината среќа не зависела само од Србија и Бугарија и оти високите планини што ги заобилколуваат македонските котлини уште не се таква опасност за заедничкиот политички живот кај нивните жители.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Од овој површен поглед врз историските настани во Македонија се гледа оти горе-долу сите македонски котлини имаат една и иста историска судбина, горе-долу сите нивни жители имаат особен, одделен историски живот, неретко самостоен, или пак вклучува во себе заедничка борба за политичка слобода.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Му се восхитував на сонот на Амин Малуф, како на сорствен сон на Балканот:
Го сонувам денот кога ќе можам целиот Блиски Исток да го викам Татковина, како што тоа сега ми се Либан, Франција, Европа; да ги викам земјаци сите нивни жители: муслимани, рисјани, Евреи...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)