нивен (прид.) - задруга (имн.)

Беа чунким во некој зарек да направат една добра Задруга; ниеден од неговите селани, заедно со кои што тој до неодамна војуваше, а тогаш беа дојдени од Армијата, не се жалеше себе си да стори сѐ да биде тоа една добра, една нивна Задруга.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко прво беше бригадир на градежната бригада на нивната Задруга.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А тогаш, кога ќе потече водата, да извади неколку кубика штици, што ѝ беа потребни на нивната Задруга.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)