„Ами ако разберат другарчињата оти за неа дојду?“ — се стресе и просто ги избегнуваше сите нивни погледи, плашејќи се да не му ги прочитаат во очите неговите мисли.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дури и кога не ги гледаше, им го чувствуваше тој нивни поглед на неа исполнет со страст.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ги гледам во очите и се стројам со нивниот поглед, се рамнам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Двете сестри се погледнуваат, но пред да се прелее нивниот поглед со иста благост, се смешува гласноговорникот што ги вика патниците да се вратат во авионот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Знаев дека тоа што ме немаше петнаесет минути и што се наоѓам во езерото далеку од нивниот поглед ќе го искористи за да му ја преведе пораката.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)