Замислете си, под управата на румелискиот беглер-бег има харачари петстотини и педесет илјади, значи петстотини и педесет илјади рисјански куќи кои ќе проплачат кога ќе се тропне на нивната порта и за огниште да им се земе по дукат и половина, и повеќе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Госпоѓа Хаџиевска ме доведе овде кога почукав на нивната порта, велејќи дека било исто како да сум почукал на вашата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)