Откако влезе во екипата на Волнаровски, Авни речиси ја остави работата во златарата “Карат” и целосно се оддаде на секојдневните обврски: регрутирање на жените од Прифатниот центар и нивно пренесување со комбе до Бар, за оттука, по воспоставениот канал, да можат да го продолжат патот до Бари, во Италија.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)