нивен (прид.) - решавање (имн.)

За да се одговори на ова прашање, а да се избегне стапицата и овој обид да звучи претенциозно и површно, потребно е овој текст да се ограничи само на неколку аспекти, со нужна дистанца од секаков дефинитивен заклучок и со свест дека лоцирањето на проблемите не претставува и нивно решавање.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во врска со прашањето каква ќе биде иднината на Балканот, дали ќе има некој вид федерации, Радиша истакнал дека искуството од минатото покажува дека тие не ја донесе заедничката безбедност на Балканот, односно "не ја зачуваа балканската неутралност или обединетост во војната против Оската".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од своја страна Влавијанос сметал дека "демократската атмосфера нема автоматски да ги реши проблемите", но сметал дека таа атмосфера би создала подобри методи за нивно решавање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)