нивен (прид.) - суштина (имн.)

Сето тоа беше на површината бидејќи нивната суштина премногу беше оддалечена од овој живот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
VIII Во животот на Мајка и Татко, за нас, нивните деца, постоеше секогаш промолчуваната стратегија за спасот на семејството преку преселбите, ненадејните заминувања, чии причини, нивната суштина, некогаш не можевме да ги разбереме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа е тоа што на крајот го открил Пруст и тоа е тоа што стана поаѓалиште на неговиот велик книжевен експеримент, Во потрага по загубеното време: за да ги досегнете нештата во нивната суштина, мора да ги досегнете во нивното општествено битие.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, нив, како што е истакнато во почетокот, далеку повеќе ги интересирало да ја сфатат практичната страна на тие теории отколку поопширно да навлезат во нивната суштина како теорија на определени општествени движења.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога ќе си ги кажеа еден на друг, ја разбираа нивната суштина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сакаше да докаже дека всушност ниту нештата ниту луѓето не се потполни заробеници на своите имиња и дека не мора да значи дека, ако некоја личност или објект го променат името, тоа обврзно води и кон промена на нивната суштина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа успеваше, како ниту еден книжевен критичар, особено кога беа во прашање Времето на козите да проникне во нивната суштина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Коља, пак, кој како жив беше писател, често зборуваше неумесно и грдо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)