Но најлошо од сѐ беше што поп артот многу бргу најде свои приврзаници меѓу уметниците.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кон средината на шеесетите, сликите на баналните објекти станаа нормална појава во амбициозната уметност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
И покрај тоа што минимализмот во многу работи беше спротивен од поп-артот, обата правца го делеа ладниот, имперсонален изглед - простор на непристрасност. 1965-та година се чинеше дека сликаревата топлина, експресивната страст од минатата деценија, веќе беше сосема поразена.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
За тоа време тоа е една речиси нормална појава. Никола Поцо одлично се вклучувал во сето тоа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Така, јас нервозна и со вишок килограми, оставена на милост и немилост, сфатив дека потребата за секс е нормална појава.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Виничката и бројните други провали, судирите на македонските чети со аскерот, теророт на турските власти против македонското население се јавувале како нормална појава на една длабоко револуционерна ситуација и предизвикувале различни ефекти во земјата и во странство.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Рибарот знаеше, иако со мало искуство во други краишта, дека човекот од друга средина станува веднаш посебен во новата: ако таму бил зол, овде е интересен, ако таму бил добар и наивен, овде е под сомнение, ако таму бил изложен на подбив, овде е прифатен како знамение: и дека најпосле, дури и посебноста во неговата средина овде може да важи за нормална појава.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Не е болест, тоа било нормална појава и траела цел живот кај жените, - нѐ убедуваше Анета.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Со еден збор, добри мои, чувствата се чувства и сакањето е сосем природна и нормална појава.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)