Навистина ја излажа (нејзе ја подлажа, а себеси се пофали) кога ѝ рече дека и самиот бил таков на нагови години, зашто татко му беше строг и секогаш бараше да му се кажува каде се движи, со кого се дружи и зошто задоцнува; а и режимот на животот по војната беше таков што градот рано потонуваше во мрак и немаше ноќни локали, освен одбивното бифе на железничката станица.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
„Колтук лукантаси“ се најбројните ноќни локали во Истанбул, а самиот збор значи: кафеана каде што удобно се седи, каде што се пие, седат и расположени во фотелја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Истанбул е полн со ноќни локали, со кабариња, со барови и со своите специфични расторанчиња кои работат само ноќе и во кои можат да најдат разонода доцните ноќни гости, или морнарите од сите светски мориња што ги собра во своите пристаништа Босфорскиот канал и „Златниот Рог“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Пајтони, во полноќните часови, можат да се сретнат и во најбучавите градски улици, полни со веселници, најверојатно од ноќните локали, а меѓу нив и од најпознатиот во стариот град - „Крокодил“, каде што сè до раните утрински часови се игра и се пее, а не верувам дека на друго место да може да се види и - „поразголен“ стрип-тиз.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Особено во раните утрински часови, кога река од вработени се уптатуваат кон фабриките, продавниците и установите, и - во доцните вечерни часови, кога Будимпешта продолжува да живее во илјадниците ноќни локали, барови, бистрои и во најчуениот ноќен локал „Мулен Руж“, нешто слично на оној од парискиот кварт Пигал.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Постојано врие животот на „Пигал“-било по неговите тесни улички, каде што се лоцирани кабарињата и ноќните локали, било во самата авенија, која овој кварт го врзува со „Клиши“, а понатаму и со „Сен Лазар“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Овде морам да ти споменам дека моето омилено место меѓу ноќните локали е една дискотека за травестити, кадешто момчиња имитираат жени-ѕвезди изведувајќи популарни шлагери со жива музика.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)