Не сме се ни вдомиле во себе, а веќе погодни се разбиваме во делчиња, во мали одблесоци под ноќното сонце.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
„Го фрлив својот крај од нишката. Ги растопив ноќните сонца во крвта“.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Кога згаснуваше тивко неговиот живот и тој повеќе не можеше со нас, израснатите деца, ниту сам до железничката станица, остануваше до длабоко во ноќта со отворена книга, крај жолтата ламба, како ноќно сонце на неговиот живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)