Да научиме само љубовта кон духовните постоечки енергии да не води низ овдешниот живот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Беше единка од еден род, кај кого до смешност беше изгубена пргавоста, што ја бараше овдешниот живот од секој свој жител.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во годините кога Татковата болест и немоќта поради староста го намалуваа маневарскиот простор за неговите големи балкански пориви да го води своето семејство, со кормилото на судбината, кон исток или кон запад, но и поради закоренувањето на постарите синови, со нивните семејства, во овдешниот живот, Мајка небаре се чувствуваше задолжена да ја преземе грижата не само за Татковото здравје, кој остануваше опкован со своите книги, туку и за стратегијата за натамошното спасување на семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)