Оние кои умееле да прават стакло и со машини да подигнуваат и придвижуваат огромни камени блокови мора, во најмала рака, да 54 имале доволно памет за некое нешто да не го сметаат истовремено за него самото и за неговата спротивност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ги гледаше неговите огромни камени плочи и блокови, не можејќи да се начуди како се нашле од разни предели во оваа тврдина.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Таа раскажуваше како Даниел ги вкопал потпорите на мостот длабоко во коритото на дивата река, како ги споил огромните камени блокови со малтер измешан со песок, и како ги влечел од големо растојание.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Звукот на автомобилските гуми гази по асфалтот додека жегата стивнува над кактусите со кои си опколен, а хоризонтот пред тебе ти се нуди како спас од огромните камени планини што се надвиснале за да те поклопат. (Гитарс вил плеј јуар гренд финели) Овде си конечно сам (даун ин сам Тулароса ели) а шкорпионот е твој побратим (мејби ин д Рио Пекос вели) исто како што му бил побратим (Били...) и на твојот непознат претходник (...ју’р соу фар авеј фром хоум).
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)