Посејднон го грабнал детето и ја напуштил својата избраница, но тоа ги налутило гигантските околни планини кои, со страшна сила, фрлиле по него една огромна карпа, која паднала на бреговите на Марица и се распарчила.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Понатаму по песокот не можев да одам зошто имаше огромни карпи кои се спуштаа кон морето.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Сега ручаа на просторната тераса пред ресторанот над Пожарани, ги пуштаа погледите по долината надолу и преку воденското поле и се обѕрнуваа кон дното на огромната карпа зад нив, зад која што се искрадуваше вода некаде од Кајмакчалан.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сето време со него надолу се тркалаа многу огромни карпи, што ги џиткаше по удолницата онаа разјарена ѕверка, а камчиштата се заиверуваа во стеблата и просвируваа здробени околу него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Застанавме на една огромна карпа од која се протегаше широк видик на спротивниот дел од планината, а под неа, во модро-зелените длабочини на шумата, се слушаше далечно бучење на река.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Направи еве како јас што сам почнала мост и клисура тамо!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Со својата остра сабја ги расечувал огромните карпи с¯ додека од една не бликнала вода.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Приликум градењето на мосто на клисурата, сестра му је викала: - Море, Марко - вика - зошто градиш - вика - там на тија стрмни места, на тија лоши места и ствараш трошкови - вика.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Тоа дувало силно, уривајќи ги дрвјата и куќите, но се чувствувало силно додека не стасало до една огромна карпа, која не можело да ја турне.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Успеав да погледнам малку подалеку, здогледав на дваесетина метри пред мене една огромна карпа што ми го го препречуваше патот, го затвораше речното корито, сè уште не бев сигурна кај да се упатам, па продолжив понатаму.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кога видов дека има уште многу од патот се разочарав, останав уште малку да размислам, бев малку заморена бидејќи се влечкав по стомак, а торбата со преврски и другата опрема речиси не ми беа ни потребни зашто само ме изнамачија.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
ПРВ ДЕЛ I Стоев на работ на огромната карпа, висната како балкон над синиот бескрај на Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)