Ако во „Топкаписи“со секој чекор, од една во друга одаја, се очекува изненадување поради блесокот на драгоценостите и накитите, во европеизираниот дворец - сарај - „Долма Бахче“ фрапира раскошната архитектура од барокот на деветнаесеттиот век, кога сарајот е и граден, полн со едно достоинство, со еден тежок раскош во мебелите, каде што сè е во кристал и позлатено: од креветите на султанот и на првата султанова жена, па до оние столови во собата за ручање, каде што и денес е останато така како што било некогаш, кога во овие огромни простории живееле султаните...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)