одбранбен (прид.) - механизам (имн.)

Тогаш настанува одбранбен механизам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Така мозокот е подготвен со веќе оформениот одбранбен механизам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Татко беше спремен да ја открие тајна за својот животен проект, но внатрешниот порив да молчи, таа инерција на тишината, како одбранбен механизам, и овој пат надвладеа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој од сопствената моментална вина на совеста градеше одбрамбен механизам, заканувајќи им се на луѓето на кои им значи, дека ќе се самоубие, само за да му ги простат направените грешки и за со мирна совест да продолжи да прави нови уште поголеми.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Опасноста за Грција, според Британците, растела и од можноста Бугарија да ѝ го отстапи на федерална Македонија делот на Македонија под Бугарија, со што се зголемувале „традиционалните македонски аспирации на сметка на Грција“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За Британците федерацијата претставувала отстранување на дотагашниот одбранбен механизам, спротивставените интереси на Југославија и Бугарија кон Солун, со што Солун би станал исклучиво заедничка цел, т.е. „општојугословенски интерес“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)