одбранбен (прид.) - штит (имн.)

Како глава на бројното семејство Буколовац, Трајко бил и чувар на амблемата – магарешка глава со ѕвезда на чело, а испод глава полегнати на во косо две секири и два долги ножа, сето тоа исцртано на одбранбен штит, кој го носеле пред себе нашите предци.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Каде чадорите наутро се храбри копја вперени во кроткото сонце а на пладне се претвораат во кукавни одбранбени штитови.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Книгата на Флобер можеше да се смета и за нивен одбранбен штит да не се најдат во можна стапица!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Идентитетот помага да се „покријат“ индискретните и тревожни одлики на општествено исклучените групи, нивните најнападно видливи пројави – токму оние определителни обележја на стигматизираните малцинства што, всушност, им ја предизвикале стигматизираноста.94 Идентитетот дава одбранбен штит од неудобноста што стигматизираните популации често ја предизвикуваат кај „нормалните“ – односно, кај луѓето што не ја трпат дадената стигма и се удобно блиску до претставата за општествената норма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)