Во согласност со мојата послободна дефиниција, деконструкцијата треба да работи со процедури кои се субверзивни во однос на реалноста, и практиките, прифатени без никакво сомневање (земени здраво-за-готово): тие така наречени “вистини” кои се одвоени од условите и од контекстот на нивното создавање; тие откинати начини на зборување кои ги кријат своите пристрасности и предубедувања; тие одомаќени навики и односи на личноста. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 43
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Мојот став е дека невклученоста во академскиот свет допушта одредена слобода, вклучувајќи ја слободата да се прекршат некои правила - на пример, да се употребува терминот деконструкција на начин којшто можеби нема да биде во согласност со неговото точно Деридијанско значење, - и да се повикам на автори за кои не може воопштено да се смета дека ја застапуваат деконструктивистичката метода.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)