означен (прид.) - место (имн.)

Овој богато го наградуваше и во истиот миг, оставаше жени, харем, пријатели, работа, оставаше сѐ - се фрлаше на коњот и придружен од гавазите и булукот ’ртки јуреше на означеното место.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
XXXI Трагавме со Бешир по означеното место каде што нѐ очекуваше Арафатовото обезбедување за де ме одведат во тајното сокровиште на палестинскиот водач.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Моите во Картагина го познаваа добро мојот ритуал на блискост, нежност, пред секое заминување на тајна средба во некое од тајните места во Тунис во кои Арафат се сретнуваше со своите приврзаници, новинари, амбасадори...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со одмерени чекори појдов до означеното место.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најстариот брат, видливо охрабрен, потпиша на означеното место.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Потем, додека Мануш го носеше писмото на означеното место, не веруваше дека човечкиот живот е само кус блесок и го следеше со искинати скокови на мислата својот изминат пат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)