Таа налага откажување од сета надеж дека некогаш на светов ќе се најде соодветен објективен корелатив на она што го чувствуваме и задоволително средство за негово изразување.303 Ако општествените посредства отпочеток не се сфатат како нужни (и само) симболични, а не изразни, ќе се смета дека се крајно недоволни.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Што ќе објасни како протогеј-субјектите се здобиваат со геј-култура речиси како да им е мајчин јазик, како да им е навистина домородна култура?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како е возможно процесот на социјализација во културната практика на хомосексуалноста да започне долго пред да созреат субјектите на акултурацијата доволно за да стапат во машките геј-заедници и да учествуваат во општествените размени на машкиот геј-живот?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Или, поконкретно, како учат геј- и протогеј- децата да се впуштаат во толку канонски машки геј- културни практики – како тоа толку течно го проговоруваат јазикот на машката геј-култура, небаре им е мајчин – на толку кревка возраст, а да не ги одгледувале уште од колепка геј- мажи?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Адам допушта дека „можеби не постои едно единствено универзално предгеј-искуство“, но укажува дека сите тие културни активности и силната привлечност што ја имаат „сепак упатуваат на низа од основни искуства со силен екот кај геј- и кај потенцијално геј-мажите кои го надминуваат поимањето на ‘геј’ како ‘само’ општествена конструкција или дискурзивен ефект“.377
Од каде се тие основни искуства?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тогаш целото човечко општење и целата човечка општественост ќе се распаднат, а предивото на човечката односност ќе се расука – како што некое време се расукува во мрачниот дел кон крајот од Илијадата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И така, ќе ја загубат целата делотворност и ќе престанат да функционираат: веќе нема да можат да служат за испреплетување на луѓето во мрежа од општествени размени, ниту сега ниту во иднина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А во тој случај веројатно ќе ги отфрлиме, како што ги отфрла Ахил.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)