Но, бидејќи, главно, не ни се појавуваат како изреки, туку како перцепции за светот или како чувства однатре или како длабоко лични и оригинални пронигби, тие и понатаму кај многу луѓе обезбедуваат извесна приврзаност на интуитивно рамниште.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Се зафатил тоа да го направи преку книжевна и општествена анализа, покажувајќи дека е возможно на машкиот геј-субјективитет да му се пристапи без да се посегне по его-психологијата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И едната и другата поента се важни; наместо да се избегнуваат, тие заслужуваат сериозно и постојано размислување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Општествените конструкции, со други зборови, не се неточни и погрешно е да се смета дека општествената анализа имплицира дека темелните интуиции за светот ни се заблудени и неосновани.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-мажите не треба да клонат од нив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Напротив, тие се многу основани – работата е само во тоа што основата им е во нашето општествено постоење, а не во природата на нештата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Предизвикот за квир-студиите е да ги објасни преку општествена анализа, наместо да му ги припишува на природниот поредок на нештата.
Зашто не е баш веројатно дека културните практики имаат корен во природата, па секој обид потеклото да им се смести во природите на геј-мажите само ќе ги направи недостапни за натамошно критичко испитување, бидејќи ќе имплицира дека нема што да се објаснува освен природните факти на работава, ќе нема што да се оди подалеку од тоа како природно си стојат работите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа склоност деновиве злокобно се засилува со модата да се сместуваат сексуалноста и родовиот идентитет во генетиката, во геномиката, во работењето на мозокот, на невралните патишта и во когнитивниот развој – склоност што често ја спорат психолозите и психијатрите, кои во когнитивната наука гледаат опасност за својот професионален авторитет, како и за својот дел од доходовниот пазар.342 Мојот пристап кон геј-културата е устроен да им противречи и на едниот и на другиот пристап: неговата методолошка цел е да спори и против биолошкиот и против психолошкиот редукционизам.
За Фелоуса, машките геј-културни практики се природни изрази на половата меѓупросторност и ја откриваат природната суштина на геј-мажите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ете зошто на коментатори на културата како Камил Палија и Харви Менсфилд, кои мешетарат со такви предрасуди или ги мобилизираат за да им дадат на своите ставови божемна убедлива разумност, секогаш им успева да си најдат восприемлива публика – публика која е и тоа како готова да си ги фрли во вода наводно „политички коректните“ уверувања (кои, како прво, очигледно не ги ни пригрнала многу ревносно и искрено) во корист на нешто што лесно, но делотворно, се протнува како чиста природна стварност и како очигледен здрав разум.
Ова само покажува колку од она што го сметаме за стварност е, всушност, општествено конституирано без да престане да ни изгледа стварно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Целосен одговор на тие големи, преопределени прашања веројатно би изискувал многу томови културна историја и исто толку општествени анализи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)