Сепак, како што прв би признал Адам, и како што укажува неговото подоцнежно творештво, премрежињата на инфериоризацијата и абјектноста не го објаснуваат докрај и не го исцрпуваат значењето на појавите што се обидувам да ги истражам.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Без разлика на „објективниот“ изглед на кампот, најуспешно ќе му мине оној виц што ќе го направи на своја сметка.228
Она што го обележува кампот, според оваа белешка, е намерното одбивање на себеизземањето од подбивот што го насочува кон поширокиот општествен свет, како и неговата склоност да ја исмева својата абјектност – да му се смее, како италијанските вдовици од Фајер Ајленд, како Дејвид Мекдијармид, како Том Ширер или како Беовулф Торн, на сопственото страдање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Современото геј-отфрлање на современата геј-култура и сегашната популарност на згодно настранетите нешта што се присвојуваат од главнотековната, хетеросексуална култура, не можат да се сведат на прост симптом на интернализирана хомофобија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кампот не е само начин на културно присвојување, не е само начин на рециклирање делови од главнотековната култура; тој самиот по себе е и продуктивен, креативен импулс, стратегија за справување со општествената доминација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А не може ни несвенливата геј-склоност кон кампски препрочитувања на хетеросексуалната култура да биде само одраз на некакво неостварување геј-гордост и на неизлечливите ефекти на општествената доминација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Напротив, стратегиското присвојување на стрејт-културата и понатаму им служи за витални цели на геј-мажите, а и на други, и овозможува важно, макар било и имплицитно, средство за општествена критика и политички отпор.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Истрајноста и популарноста на традиционалните машки геј-културни практики повеќе од четириесет години по Стоунвол можеби навистина се одраз на продолжувањето на неповолните политички околности, на натамошните искуства на антигеј-угнетувањето, исклучувањето, општествената доминација и стигма – но не во смисла на тоа дека се просто патолошки последици од општественото непријателство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И нема што да читаат романи, да гледаат филмови, да запишуваат предмети, да гледаат изложби и да одат на културни фестивали што се фокусираат на геј-мажите.
Во 1978 г., канадскиот социолог Бери Д.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тргајќи ја настрана експлицитната содржина на филмот во прилог на неговата мелодраматична моќ и раскошниот црносериски [филмноаровски] стил, уживањето на кампот во него како да го оправдува тврдењето на Сузан Зонтаг за аполитичниот карактер на кампот, за неговото претпочитање на естетиката за сметка на политиката, за неговата неутралност „во однос на содржината“ и за неговиот „начин на гледање на светот како естетска појава“.268
Токму ова воздигнување на убавината до степен на врховна вредност (не само убавината на Џоан Крафорд туку и убавината на беспрекорниот мелодраматичен и кинематографски стил) и оваа релативна рамнодушност кон политичките услови во кои се остварува естетското совршенство, ја ставиле машката геј-култура на лош глас – особено меѓу феминистите – дека има реакционерна политика, дека е непријателски устроена против жените, дека ги прифаќа угнетувачките општествени состојби, дека промовира митски, а не критички однос кон примените вредности и дека соработува со силите на општествена доминација.
Но, машката геј-култура многу-многу не ја секираат критичарите и не се срами од своите љубови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Барем за машката култура, вистинската политика на филмот лежи во неговата естетика: неговиот стил го надминува она што го пренесува неговата видлива порака.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како и да е, мислам дека треба подлабоко да проникнеме во причините поради кои отворената и експлицитна геј-тематизирана машка геј-култура што ја овозможи геј-ослободувањето и натаму има толку тешкотии да си најде машки геј-поддржувачи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како компаративна студија за Црнците, Евреите, лезбејките, геј-мажите, логорашите во концентрационите логори, за децата и за другите штитеници на „тоталните институции“, таа беше ран класик на лезбејските/геј-/квир-студии, а и денес вреди да се чита.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Меѓу механизмите за справување со општествената доминација за кои Адам сметал дека им се заеднички на разните угнетени групи што ги проучувал беа и оние што ги нарекол „бегање од идентитет“ и „внатрегрупово непријателство“.440
Овие фрази упатуваа на општествените и на индивидуалните стратегии преку кои припадниците на угнетените групи гледале да ги смалат личниот цех и психолошката болка на општественото отфрлање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Се обидувале, на пример, да избегаат од сопствената бележаност на која се должела нивната инфериорна положба одбивајќи да се идентификуваат со групата во која спаѓале, покажувајќи нетрпеливост или презир кон другите припадници на групата – особено кон оние поединци што биле понеизбришливо бележани од нив со стигматизирачките знаци што ги идентификувале како нејзини припадници – и избегнувајќи контакти со луѓе од сопствените заедници.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Адам, кого веќе имав пригода да го цитирам, ја објави својата докторска дисертација (која стана првата од многуте негови книги), по име Опстанокот на доминацијата: инфериоризацијата на секојдневниот живот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Приказот на Адам за општествената доминација и за нејзините последици и натаму има голема објаснителна моќ.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Џоан Крафорд сосема доминира со видното поле, а секој нејзин зрачец чувство – незаборавно забележан со беспрекорната глума, со мајсторското осветлување на нејзиното лице и на тој нејзин дивен тен и со сјајните камера и монтажа – веднаш и речовито му се телеграфира на гледачот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)