општествен (прид.) - живот (имн.)

Во октомври тргна оној погребен процес „Хипи, верен син на мас медиите”, кој го организираа вистинските хипици, кои навистина беа вовлечени во организаци­ја­та на општествениот живот и кои ги презираа сите оние free-style клинци кои дојдоа во Сан Франциско во текот на летото.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Додека се шетав наоколу сфатив дека војната во Виетнам изгледа многу пореално во Сан Франциско отколку во Њујорк - додека стоев на доковите, буквално можев да ги видам бродовите како заминуваат за Југоисточна Азија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Таа есен се чувству­ваше дека сета таа хипи работа беше уништена уште во текот на летото - едноставно стана премногу голема и премногу комерцијална.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Напротив, тоа непосредно нè доведува до темелните проблеми кои одлучувачки го обележуваат општествениот живот и историскиот момент на Хрватска.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Затоа токму актот на деструктивна критика кој се потпира на “неизмерната моќ на негативното како енергија на мислењето” (Хегел) и кој внесува раздор во природниот тек, односно ја крши онаа “друга”, “стекната” природа - во идеолошки конструкции скаменетите форми на општествен живот - е она што интелектуалецот го прави интелектуалец.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Придвижување од историската кал во која денес е закопано хрватското општество се чини дека исто така нема да биде можно без промена на традиционалната парадигма на односите меѓу половите која сѐ уште ги проникнува сите форми на нашиот општествен живот. 38 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Човек и не е друго освен тој расцеп во кој го живее својот индивидуален и општествен живот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Односно, таму се наоѓа граѓанството како обичен социјален слој, а не како освестена социјална позиција која на темелите на јасни граѓански вредности активно го оформува општествениот живот низ неговите морал, право и политика.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Станува збор за околности во коишто стравот е доминантна особина на целиот општествен живот, константа на политичката пракса и на општата духовна клима.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Особено не оние побележити познајници чии семејства и лично ги познаваше како заслужни за различни домени од општествениот живот на Отечеството, некои и како луѓе заслужни во последните војни што нивната заедничка татковина ги водеше од почетоците на ова изразито немирно столетие.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Траејќи 150 години, оваа уметност на поенти ќе владее со општествениот живот од Рим до Амстердам, од Мадрид до Прага.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
На 4 и 5 март 1945 во Скопје е одржан првиот Македонски црковно-народен одбор на кој покрај свештенството присуствувале и преставници на Президиумот на АСНОМ и Главниот штаб и други структури од тогашниот општествен живот.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На Собирот било заклучено да се обнови Охридската архиепископија како самостојна црква, со свои народни епископи, а врховниот поглавар да го носи името “Охридски архиепископ на Македонската црква ‘Св. Климентова Охридска архиепископија’”.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во овој период, кој е дел од оваа трудово-правна анализа (20102014), овој Закон има претрпено само една измена и тоа во 2014 година.73 Целта на овој закон е воспоставување во пракса на еднаквите можности на жените и мажите во политичката, економската, социјалната, образовната, културната, здравствената, граѓанската и која било друга област од општествениот живот. (чл. 2).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Јас гледав во формуларот: на него беше составен еден ужасно патетичен текст, во кој најгоре, на почетокот, стоеше: „ЈАС“ (подоцна многу размислував за значењето на заменката „јас“ во партискиот и општествениот живот, воопшто), „Потресен и огорчен од она што се случува денес со здравиот народен дух и народната уметност, која е обесчестена, пристапувам кон Партијата на здравиот народен дух и се обврзувам дека дење и ноќе ќе работам на поткревањето на тој дух до степен на усвитеност, дека ќе му ги вратам часта и достоинството и дека...“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Токму тука Ахил ја изнесува намерата да одбие каков и да е материјален надомест за општественото унижување и за емоционалната штета што ја истрпил од Агамемнон.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Трагичната нужност да се прифати, наместо да се отфрли, неминовниот расчекор помеѓу чувството и неговото изразување ја дава поентата на прекорот што Ајант му го изрекува на Ахила во Деветтата песна од Илијадата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Поконкретно, таа сведочи за неминовниот расчекор помеѓу она што се чувствува и она што во кој било конкретен контекст може да се искаже.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сакам да ја дистанцирам од нејзиното старинско, исклучиво, елитистичко значење и да ја употребам во описна, квазиантрополошка и, пред сѐ, прагматична смисла – најнепосредно, како ознака за севкупноста на генеричките практики што го поврзуваат општествениот живот со дискурзивните облици и бихејвиоралните конвенции,157 а со тоа и ги дефинираат, во различни општествени контексти, особените хоризонти на очекување во врска со говорот и со личната интеракција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа ја одразува самата структура на општествениот живот на чувствувањето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа несразмерност, укажува, е истовремено и последица на човечката смртност и генеративен извор на симболичните општествени норми чие обештетувачко фунционирање ги дава единствените средства за премостување (но не и за затворање) на јазот помеѓу човечкиот субјективитет и човечката општественост: … и од убиецот зар на братот ќе земе или за своето дете убиено откуп си прима; та си останува оној, што отплатил многу, во градот, овој пак срцето своје и гордиот дух ќе го смири, кога ќе добие откуп; а бозите в градите тебе лош и непомирлив дух ти ставиле... (Хомер, Илијада 9. 633-637; прев.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во секој случај, иронијата дава делотворно и спремно оружје против неизбежната општествена форма чие идеолошко дејствување изискува, за да може да претегне, и некритичко верување во неа и насилна потврда на нејзината автентичност. ‌Со мака извојуваната иронична визија на машката геј-култура за лажноста и за изведбениот карактер на семејните чувства бележи и нешто поопшто и подлабоко за емоционалниот израз.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Приговарајќи дека Ахил е „тврд“, Ајант изнесува радикален аргумент што го признава несразмерното растојание во општествениот живот меѓу она што го чувствуваме и она што можеме да го сториме во врска со тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Културите не постојат независно од луѓето што ги создаваат: нив ги обликува општествениот живот на човечките заедници, а облиците што ги добиваат ги одразуваат локалните, особени, материјални ситуации што ги предизвикуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или можеби важи спротивното: задоволството со кое машката геј-култура си ги усвојува овие филмови го одразува ироничниот став што геј-мажите го негувале долго за да се оградуваат и, на тој начин, да се изолираат од штетните театралности на семејниот живот – но, без да ја одрекуваат смртната сериозност на тие театралности, без да им ја одрекуваат моќта да нанесат вистинска повреда и болка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мојата анализа, да се знае, нема да го пренебрегнува општествениот живот на културните облици.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите форми на општествениот живот овде завршуваа или во „повеќепартиски монизам” или во „еднопартиски плурализам”, што се само политички маскирања на еден непридвижлив патријархален авторитаризам.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Партизан” - Прилеп, „Киро Фетак” - Куманово) и локалните институции: ликовниот салон при Народниот музеј - Велес, Културниот центар „Марко Цепенков” - Прилеп, Ликовната галерија при Народниот музеј - Куманово (чии простори впрочем и самите, со нивната маргинализирана улога во општествениот живот поради недостиг на финасии или некомпетентност во работењето, наликуваат на фабриките).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Народњаштвото е погубно за секоја форма на општествен живот на еден народ.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Бидејќи сè додека народњаштвото како општо чувство на општествениот живот биде доминантно (како српскиот задружно радикален и хрватскиот провинцијално средноевропски ФОЛКИШ), дотогаш ќе ги трпиме сите последици на одржување и дотирање на едно одамна насукано трупиште, во кое ајдуците и ускоците, во својство на управник на светилникот, веќе го пљачкосале и последниот златен заб од вилиците на настраданите патници. 14. 10. 1991 Маргина 36 27 Еднодимензионални народи Народ што не знае на сопствената волја да ѝ стави цивилизациска граница (да изнајде ФОРМА), кој не знае да се самосовлада во законот и правната норма, кој како единствена вредност го зема и истакнува сопственото постоење, доброволно се определува за робување самиот на себе (а тоа се најлоши ропства) и, на крајот, паѓа во опасност од билошко исчезнување.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Токму таа метастазирана биологизација на општествениот живот е другото име за фашистичките некрофилии.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Машините веќе презедоа добар дел од сексуалниот живот - мислам, насекаде можеа да се најдат вибратори од сите видови - а сега, благодарение на касетофоните и полароидите, го презедоа и општествениот живот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Немскиот класичен идеализам е продолжување, во филозофијата, на идеите што ги нафрли епохата на великата француска револуција и кои во специјалните немски услови на општествениот живот добиле специфичен вид.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Овде особено заслужува внимание обидот на Бауман да формулира еден социолошки појмовник што ќе му одговара на постмодерното искуство.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но секој обид општеството да се предочи како конзистентен модел нужно е обид кој, за да биде селективен, арбитрарно одредени начини на општествен живот ги прогласува за норма и, според истата логика, сите други феномени ги класификува како ненормални: или како резидуум на минатото кој евентуално ќе ја изживее својата цел и ќе исчезне, или како некакви туѓи елементи кои што мораат да бидат искоренети или маргинализирани.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Само настојувам да разберам дека потрошувачката слобода е така поставена внатре во индивидуалниот и општествен живот што тој веќе не може да се избори против зависноста.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Слободата се заплетка во мрежата на зависноста: вие станувате послободни со купувањето на повеќе експертски услуги и станувате зависни од нив. Дотолку слободата ја зголемува зависноста.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Што ја карактеризира постмодерната форма на заедница?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Последната кни­га на Бауман, Навестувањата за постмодернитетот, објавена 1992. во Лондон, претставува збирка есеи чии што средишен предмет е контингентната природа на постмодерниот општествен живот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Областите од општествениот живот за кои претходно не се зборувало, па дури не се ни проблематизирале, сега се ставаат на јавна дебата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
94 Историски гледано, буржоаската јавна сфера претставува барање од страна на приватните лица за јавен простор како инструмент за практицирање контрола врз апсолутната моќ на монархот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Гемиџискиот кружок се замешал и во општествениот живот во градот, Во 1899 година, по иницијатива на велешкиот егзархиски владика, требало да се изгради камбанарија кај црквата „Св.Пантелејмон“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)