Возможни се и други толкувања на овој миг кога општествените пречки попуштаат пред налетот на незапирливата емоција.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Барем една од приказните за стоунволските безредија вели дека она што ја подбудило толпата пред барот да даде отпор, она што ѝ ја потпалило јароста и што ги предизвикало безредијата, била глетката на туркањето на една дрег-кралица во полициско комби, која, во ненадеен грч од бес, мавнала со чантичката еден полицаец.295 Целата историја на геј-ослободувањето, на геј-спорот и на геј-отпорот, тогаш, можеби директно ѝ е должник на Милдред Пирс – или, ако не баш на Милдред Пирс, тогаш барем на општествената форма и на емоционалното искуство за кои е и класичен пример и дефинитивен масовнокултурен израз: драмата на разјарената женска немоќ што наеднаш и секавично се преобразува во мигновена, вратоломна, небрежна, јаросна, неумолива моќ.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нешто во живнувањето на афектот што триумфира над општествената инхибиција укажува на еуфоријата што се крие во секое херојско одбивање да се живее лага.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)