И не се обидувам да нудам генетички приказ на сексуалноста, ниту да ги објаснувам што ги тера поединците да бидат геј или стрејт – ниту сексуално ниту културно; попрво, ги испитувам потеклата на културните практики усвоени од тие што, од која било причина, излегуваат геј или стрејт во една или во друга смисла.
Згора на тоа, општествените кодови не ги сфаќам како идеи, до кои поединците можат или не можат да се издигнат; не ги доживувам како размисли за полот и за родот кои одделни луѓе можат слободно да ги прифаќаат или да ги отфрлаат – иако, како и многу чувства, тие навистина содржат одредена пропозициска содржина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Кампот“, вели Естер Њутн (зајмејќи фраза од Кенет Бурк), „е стратегија за ситуација“.251 Кампот дејствува од позиција на обезмоќеност за да ги прекодира општествените кодови чија културна моќ и престижност не дозволуваат едноставно да се разбијат или да се пренебрегнат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Полезноста на Милер за нас е од поопшт вид.
Милеровата анализа е корисна за лоцирање на значењето на отфрлањето од мајката во општествените кодови на изведбата и во сексуалните политики на спектаклот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Попрво, семиотските кодови ги сметам за конститутивни за значењата од кои се раѓа поединечниот субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, тука не се работи за бината, а и таа не ја претставува мајката како лик што му овозможува на своето дете скапоцено место за влегување во изведбата на општествено валоризиран идентитет. (Напротив: Милдред се венчава со Монте за да ѝ даде на Веда шанса да избега од унижителната нужност да исполнува нумери од мјузикли на некоја кабаретска сцена пред машка публика.) Несомнено е дека сцената со насилниот судир меѓу мајката и ќерката во Милдред Пирс му нуди на геј-гледачот кампска пригода да броди низ трауматичната возможност да се доживее отрфлање од мајката и, со тоа, општествена обездозволеност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па, сепак, Милеровото читање не важи непосредно за Милдред Пирс со истиот степен на веројатност и цврстина со кој важи за Циганка.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако може, мислев, да се проникне во тој општествен код и ако може успешно да се зафатат тие прашања, исходните пронигби би расветлиле многу аспекти на машкиот геј- субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Може да изгледа дека си го ограничувам концепцискиот модел на површни појави, на етикети или знаци или категории или идеологии, избегнувајќи ги длабоките, внатрешни процеси преку кои се формира и се ориентира поединечниот субјект.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но општествените значења, како родот и националноста, не се површни: тие се конститутивни за човечкиот субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нивната дрег-изведба, нивниот истовремен чин на лажно и стварно оплакување е одговор на општествените услови и на културните кодови што не можат да ги сменат, но на кои можат само да им се опираат.
Политичката функција на кампот во ова светло се укажува јасно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)