Единствениот начин да се анализира машката геј-култура е да се користи тој својствено машки геј-облик на читање кога се читаат стиловите што ги кали машката геј-култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Да се сетиме сега, во врска со ова, на објаснувањето од Бери Адам дека некои геј-момци самата утроба ги влече кон операта и на бродвејскиот мјузикл: „Музичкиот театар е една од низата можности што зборуваат за чувството на различност, за желбата да се избега и за волјата да се замислуваат алтернативи која изгледа е широко распространето искуство кај голем број предгеј-момчиња“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа не значи дека само геј-мажите можат да ја сфатат машката геј-култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Истото би можело да се каже и историското конзерваторство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Попрво, самата машка геј-култура е облик на сфаќање, начин на кој се гледа на мажите, на жените и на светот.
18 ИРОНИЈАТА И МИЗОГИНИЈАТА
Машкиот геј-субјективитет, можеби, е општествено изграден, но општествените конструкции не се неповратни судбини: тие не се неизбежни предодредености.394 Можеби не може да се менуваат кога ќе посакаш, во секој миг да подлежат на преизградба од темелот нагоре според некој сосема нов проект, но, сепак, оставаат колку-толку простор за импровизација, за отпор и за преозначување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Адам допушта дека „можеби не постои едно единствено универзално предгеј-искуство“, но укажува дека сите тие културни активности и силната привлечност што ја имаат „сепак упатуваат на низа од основни искуства со силен екот кај геј- и кај потенцијално геј-мажите кои го надминуваат поимањето на ‘геј’ како ‘само’ општествена конструкција или дискурзивен ефект“.377
Од каде се тие основни искуства?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Можеби не е возможно да се однаправи општествената позиционираност, но можно е да се поседува, да се искористи, да се преориентира, да се стави во перверзни преупотреби.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Или, поконкретно, како учат геј- и протогеј- децата да се впуштаат во толку канонски машки геј- културни практики – како тоа толку течно го проговоруваат јазикот на машката геј-култура, небаре им е мајчин – на толку кревка возраст, а да не ги одгледувале уште од колепка геј- мажи?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Поентата не е да се избегнува политиката на класата, на расата и на нацијата или да се помрачат особените начини на кои тие варијабли може да ја одредат општествената конструкција на хомосексуалноста или на геј-субјективитетот во одредени контексти.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)