Диференцијалното родово исцртување на културните облици го создава (хетеронормативниот) општествено-семиотски систем во кој учествуваат старателите на детето, систем што веќе придонел кон обликувањето на нивните сопствени субјективитети и кон утврдувањето на нивните лични стилови на чувствување и на однесување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нашиот општествен модел на машки геј-субјективитет ќе мора некако да го објасни тоа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На крајот на краиштата, предметите од главнотековната култура (како што е бродвејскиот мјузикл) се единствените културни предмети што хетеронормативните општествени институции веднаш му ги ставаат на располагање на протогеј-детето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Она што воопшто не е јасно е како културниот отпор или настраната противакултурација се одвива во рамките на еден хетеронормативен контекст.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-мажите мораат себеси да си ја претстават општествената норма што гледаат да ја отелотворат за да можат да ја отелотворат: тие нужно се свесни за однесувањето според веќе постојниот општествен модел.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во секој случај, важно ќе биде да не се тргне од лажно упадливата спротивност меѓу недоволно цврстиот модел на општественото, сфатен како обичен површински исход од безредни содејства помеѓу луѓето (наместо како систематски состав што е длабоко конститутивен за нивниот субјективитет), и од претерано позитивистичкиот модел на природното, сфатено како онаа длабока, формативна структура што ни го определува битието.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ете зошто женственоста не ги исцрпува значењето и содржината на машките геј-културни практики.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Родовиот идентитет се обликува многу рано во животот на поединецот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А како да се формира, најпосле, ако не во однос на постојните општествени модели на родот и сексуалноста, отелотворени и во најраните старатели на детето и во родовите вредности што спаѓаат во културните вредности што тие старатели му ги изнесуваат на детето – а кои ги обликувале и нивните сопствени стилови на однесување и на емоционално изразување?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)