Тоа незадоволство е стварно, а понекогаш политичкиот приговор кој штотуку го артикулирав само служи како алиби за геј-хомофобија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Изгледа дека на денешните геј-луѓе им е тешко да го разграничат навистина оригиналното, иновативно настрано творештво од релативно литите, политички ревносни, внатрегрупови културни созданија што ќе ги видиш на каналот Лого.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, таа вистински инвентивна геј-култура ја снајде истата судбина што ја снајде идентитетски заснованата култура која се појави во истиот период, во смисла на тоа дека обете изгледа предизвикуваат кај геј-публиката слично чувство на здодевност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Намерата не ми беше да ја багателизирам постоунволската геј-култура, туку да ги крепам облиците на општествен отпор против хетеронормативноста кои ги претставуваше и кои и понатаму ги претставува голем дел од претстоунволската култура, а истовремено да ги истражувам причините поради кои официјалната, паланечка, идентитетски заснована и виножитно забарјачена геј-култура што ја замени, изгледа, на онолку многу геј-мажи им е крајно незадоволителна и фалична.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нејзината оригиналност, нејзината уметничка експерименталност и нејзината сушта сјајност се многу скраја од стандардната политика на геј-идентитетот на главнотековното геј-движење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)