Децата, со други зборови, можеби сѐ уште не се свесни дека прават избор на сексуалниот предмет (иако некои од нив можеби се мошне свесни за тоа, особено кога тој избор на предмет е некој нестандарден или неодобруван), но многу се будни за стандардното обродено и сексуално кодирање на конкретните конвенции за емоционално изразување – конвенции кои, од своја страна, им се потчинуваат на законите на жанрот и кои соодветствуваат на прагматичните генерички разграничености, како што е разграниченоста меѓу трагедијата и мелодрамата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто, градејќи нестандардни емоционални врски со културните облици, тие практично го одбиваат силниот општествен повик да заземат конвенционални, хетеронормативни положби и практично се здобиваат со нестандардни сексуални и родови идентитети, идентификации и ориентации.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Што, можеби, е сѐ што им треба за да изградат одредени нестандардни односи кон нормативните сексуални и родови идентитети.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Бидејќи систематската меѓусебна поврзаност и хиерархиска распределеност на општествените вредности што придонесуваат кон утврдувањето на тие генерички разлики се формативни за човечкиот субјективитет кога тој се обликува во рамките на некои конкретни културни контексти, не е изненадување тоа што дури и мошне младите деца се ориентираат, и однатре и нанадвор, во однос на таа основна културна поетика – на конвенциите на дискурсот, на чувствувањето и на изразувањето што тие жанрови ги претставуваат.
Со други зборови, долго пред воопшто да имаат секс, младите имаат жанр.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тие стандардни, стрејт-начини на доживување на светот подразбираат начини на чувствување, како и начини на реагирање на културните објекти и активности што се веќе кодирани за родот и за сексуалноста, начини на сопствено ориентирање во однос на сите констелации на меѓусебно поврзаните вредности што се одговорни за обојување на лицата, на однесувањата и на жанровите на дискурсот со густите општествени значења кои ги носат, значења што исто така се однесуваат – без разлика колку благо – на родот и на сексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во тој случај, може да заземат одредени стратегии на избегнување кои ќе им овозможат да ги избегнат општествените повици да го доживуваат светот на хетеросексуални и на хетеронормативни начини.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во такви околности, не е некакво изненадување што многумина геј- (или протогеј-) субјекти им се опираат на приговорите од традиционалните кодови на мажественоста и женственоста или што гледаат штуро значење за себе во културните облици и активности кои таквите кодови ги обојуваат како традиционално мажествени или женствени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј- (или протогеј-) субјектите може и тоа како да ги доживуваат тие стилови на изразување, заедно со целиот конвенционален општествено-семиотски систем на родот и на сексуалноста што ги прожилува, како неконвенционални, ако не и начисто туѓи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)