Кога геј-луѓето ќе се лишат од заедничкиот, комунален живот, од сопствен општествен свет, главната мисла на геј-политиката веќе не е отпорот против хетеросексуалното угнетување, туку тоа станува асимилацијата, односно приспособувањето кон главнотековното, поривот за општествена прифатеност и интеграција во општеството во целина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Целата работа е во потребата да се вклопиш, да му се приспособиш на местото во кое веќе живееш и работиш.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Она што недостига во целава шпекулација е претставата за општественото како начин на суштествување што се состои и од лично и од колективно искуство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Прашањата како што се воената служба за гејовите и еднаквоста во однос на бракот, кои порано беа борби за пристап до осигурување, за правична распределба и за отстранување на дискриминаторските пречки, сега стануваат борби околу симболизмот на општествената припадност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Општественото упатува на облик на постоење кој произлегува од заедничкиот живот на човечките заедници и не исходува непосредно ниту од природната предодреденост ниту од индивидуалните варијации.
Како културна практика и како идентитет, да се биде геј е општествено искуство исто како што е општествено искуство да се биде Американец или да се биде припадник на средната класа или да се биде Чикано.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа не е ниту природна состојба ниту поединечна особеност, туку колективна појава, последица од општествената припадност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Има, сепак, и понатаму важни материјални барања во таквите борби за вклучување, но тие им се некако подредени, барем во реториката на движењето, на асимилациските и конформистичките цели.
Во таков контекст, геј-културата сѐ повеќе изгледа како бизарен, нестварен, неопиплив, небулозен, ирелевантен поим.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но тоа не значи дека е избор.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Бидејќи хомосексуалната толку долго се третирала како психолошка абнормалност или патологија што се состои од замена на половите улоги или родова обратност, една видна нишка на постоунволската машка геј-политичка мисла и култура се обиде хомосексуалноста да ја одвои од родот и да ја претстави како чисто сексуална ориентација, во која сѐ се врти околу изборот на сексуалниот предмет и која, затоа, е сосема во согласност со нормативната мажественост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа исто се залагала и против сите облици на краличинство кај мажите, кои ги сметала и за несекси и за назадни – за несреќни остатоци од една мината доба на сексуално угнетување и на интернализирана хомофобија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Она што некого го правело геј-маж не биле неговиот нестандарден родов стил и неговиот женствен субјективитет, туку насоченоста на неговата сексуална желба, неговата еротска привлеченост кон мажи, неговата општествена припадност на машки геј-свет на рамноправници, квантитетот и мажественоста на неговите сексуални партнери.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ете што значело геј-ослободувањето, барем делумно: ослободување на сексуалноста од родот, слобода да се биде мажествен и умножување на сексуалните можности кои ги создавале новите буч-стилови на хомосексуалноста – токму со тоа што им овозможувале на геј-мажите да еротизираат други геј-мажи како геј-мажи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Пристапот до главнотековните општествени облици: воената служба, припадноста во црква и бракот.
Ова многу ги објаснува карактерот и преокупациите на современата геј-политика.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)