Го дрпнал од филм – поточно, од филмската верзија на еден бродвејски мјузикл за Американската револуција, 1776.324
Даглас Кримп, кој го раскажува настанов и ја дава подлогата што ја резимирав, тоа го прави додека страсно и силно се залага за темелење на напредната политика не врз идентитетот, туку врз идентификацијата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со таквата нагласка, тврди, ќе може да се избегне предизвикувањето на оној вид недоразбирања и напнатости кои доведоа до политички судири меѓу разните групи погодени од ХИВ/сида во САД на почетокот од 1990-тите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Моделот на Кримп за идентификациска, коалициски заснована настрана политика – политика што може да ги премости раседите меѓу родот, расата, сталежот, сексуалноста и другите општествени разлики – е резимиран во самиот наслов на неговиот оглед: „Toa, женска!
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто токму преку идентификација со женственоста, геј-мажите можат да успеат да ги рекомбинираат спротивните вредности на убавината и на кампот кои ја делат машката геј-култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
“ Ова мелодраматично бодрење не искажува толку визија за солидарност меѓу геј-мажите и нивните лезбејски и феминистички сојузнички колку што упатува на облик на камп-солидарност меѓу самите геј-мажи, облик на солидарност што може да ги признае – и да ги мобилизира политичките енергии на – женствените идентификации на геј-мажите, вклучително и на женствените идентификации на филмските кралици и обожавателите на Џуди Гарланд, каков што бил Вито Русо.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Токму преку идентификување со женственост која е истовремено гламурозна и абјектна, геј-мажите се во состојба да го измешаат нагорно подвижниот естетски стремеж со етичкото срамнување на општествените разлики.
Тука женственоста, како во случајот со италијанските вдовици од Фајер Ајленд, на геј-мажите им функционира како еден вид заменски идентитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Од сопственото страдање да направиш средство за пародија, да одбиеш да се изземеш од иронијата со која гледаш на сите општествени идентитети, на сите изведби на дозволените општествени улоги, значи да ги срамниш општествените разлики.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како резултат на сите тие напори на лезбејските и на геј-активистите, на таквите писатели, уметници и припадници на академскиот свет, единствени веродостојни разлики (кои одат понатаму од сексуалните разлики) што денес може да им се припишат на геј-луѓето, барем од некој што сака да изгледа просветлено и политички сместен во главниот тек, се чисто општествените разлики.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако популарната култура во педесеттите години презриво ја споредуваа со “средновековно лудило”, таа сега станува нешто навистина опасно: конкуренција што ја слабее и ја загрозува политичката и економската моќ на водечките медии.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Меѓу причините за тоа што, на пример, новинарите така често без опипливи докази се нафрлаат токму врз популарната култура како на главна предизвикувачка на насилство, е најверојатно и фактот што вистинските причини и објаснувања за насилството и нетолеранцијата се многу покомплицирани и прикриени (големи општествени разлики, вонредна хетерогеност на популацијата...), додека телевизијата веќе заради својата широка популарност е мошне погодна за Margina #32-33 [1996] | okno.mk 103 улогата на жртвен јарец. Katz исто така тврди дека при тоа се работи за интересна реакција на централните медии на фактот што сѐ повеќе млади луѓе се служат со новите начини на комуникација, пред сѐ кабелската телевизија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Затоа е нивната реакција толку силна и пресметана; имено, тие посегнаа по сигурното средство за мобилизирање на јавноста и проблемот на популарната култура го претставија како образовен проблем.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)