Како оној гротескен идеал на примитивната народна педагогија - „држи се до златната средина“ - кој не само што ја осигуруваше репродукцијата на социјалниот конформизам туку секогаш одново го откриваше и количеството страв што го следеше секој акт на социјализација на поединецот, да станал општоважечко регулативно начело за сите протагонисти на општествената стварност.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Хегел, се разбира, мораше да биде исчистен од својата метафизика, мораше безусловно да биде отфрлена неговата некритичка доверба во рационалистичкото умување — и дури тогаш можеше да се создаде вистински дијалектички метод што го овозможува спознавањето на природата и општествената стварност.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Самиот мејл-арт, инаку, се развива и менува, што е резултат на работата и соработката меѓу илјадници „бунтовни“ уметници коишто Мејл-артот го претворија во нова уметничка, културна и општествена стварност.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)