Несериозното сфаќање на неавтентичноста што му е вродена на општествениот израз на чувствата е одбивање да ѝ се верува на збор на трагедијата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А тоа, оттаму, значи мажественоста да се лиши од јуначкото величие и од самочувството за сопствената важност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Попрво, секој идентитет е изведбен: општественото суштествување е општествен театар и обратно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто, ако излезе дека таа неавтентичност не е трагичен израз на моралните ограничености што се вградени во самата структура на човечкото постоење – ограничености што само јуначкиот мажествен стремеж, во својот ревносен обид да ги надмине, може да ни ги открие и да нѐ натера да се соочиме со нив – и ако, наместо тоа, излезе дека неавтентичноста е само комична – некаков срамотен, дисквалификувачки, па дури и урнебесен ефект на секојдневната изложеност на суштествувањето како играње улога, а оттука и на културните значења како чинови на општествениот театар – тогаш трагедијата се растоличува од својата положба на првовеликост, ѝ се обезвреднува мудроста, а патосот ѝ се поткратува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Истото важи и за јуначкиот вид на мажественост во писмото на трагедијата: штом достоинството ќе му излезе претерано и ненужно, статусот неповратно му се снижува и се сведува на високопарна поза, на празен блеф, на претерана глума, на песна и танц.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А тоа е политичка фунција што кампот може да ја врши единствено ако е аполитичен.213
Токму отуѓениот настран поглед на кампот кон општествено допуштените вредности е тоа што обелоденува дека суштествувањето е изведба на суштество („суштествување како играње улога“) и е она што ни овозможува да ги гледаме идентитетите како впечатливи приредби на општествен театар, а не како суштини.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Исто како што геј-женственоста честопати се состои од културни практики (обожавање диви или реставрација на архитектурата) кои се општествено обележани како женствени, но кои немаат врска со женственоста што ја отелотворуваат самите жени, така и уживањето на машката геј-култура во гротескните верзии на женственоста не подразбира презир и непријателство кон вистинските жени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Голем број машки геј-културни практики во кои има женски геј-ликови, всушност, воопшто немаат никаква врска со жените.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во повеќето верзии на кампскиот хумор, на пример, самите жени не се тие што предизвикуваат радост (или завист, восхит), туку тоа се современите културни конструкции на женственото – женственоста во својата изведбена димензија, женственоста како општествен театар.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Целта е веќе антифеминистичкиот модел на женственоста создаден од хетеронормативниот поредок и промовиран од неговата идеологија за родот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)