Брат му на Борко, Симон, четири години помлад, живееше во куќата на родителите на Милица, неговата жена, горе на брегот, во онаа осамена куќа до каде што не стигнало езерото.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Еве ја одбележана онаа осамена куќа, сама, крената на брекчето како светилник.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Што беше тој крив? Можеше ли тој да знае дека неговата тиха појава ќе предизвика таков немир во оваа осамена куќа, дека ќе му се противстави тој на еден човек што ќе се најде побуден да го брани од него најмилото?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Едно време се оддалечив од другите и сам отидов на она место од каде што се гледа просторот на некогашниот Долнец, со црквата со седум гроба сосе на Борко Угрин и со онаа осамена куќа на Симон над езерото.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ако остане дома, знаеше што го чека - бескрајното и неуморно чекање на мајка му во осамената куќа, наизмерната глувост на секаква, добра или лоша вест, за исчезнатиот татко; неговото бесмислено шлаење низ градот без секаква цел, изненада или задоволство.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во тоа време, некако со тивката побуна на селаните од намуртеното Кукулино и од Побожјане, Кучковица, Мирковци и трите осамени куќи над Јанакан, некој доселеник од Измир, Селџик-бег, по татко Турчин, по мајка Ерменец, осиромашен куц поет, запишувач и опишувач на обичаи и познавач на народи и балкански јазици, застанал на страната на ограбуваните.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чекајќи брашно, и самите лути или замислени, и самите врзани за испуканата земја на недарежливите ниви, понекогаш дочекувале пребој. Не за добитокот. За себе, за софрата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)