остар (прид.) - болка (имн.)

Винстон ја мразеше оваа вежба од која добиваше остри болки од петиците до бутините и која често завршуваше предизвикувајќи му нов напад на кашлица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога се обиде да ја крене главата неочекувана остра болка му ја повлече назад на перницата, каде што остана да се одмора со чувство на тапост и тежина, со придушени удари во слепоочниците, а челичен обрач му го притискаше челото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Зборот „смрт” предизвика остра болка во срцето на Кети и таа веднаш замолча.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сепак, во следниот миг почувствува остра болка од гризење на совест поради својата одвратност кон тие фини и љубезни луѓе и кон тоа прекрасно место.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но не требаше да се плаши од тоа, зашто, кога почна полека да се исправа, за нејзино големо олеснување, шепата благо го олабавуваше својот стисок, дозволувајќи ѝ да го исправи телото, со не толку остра болка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ноктите на прстите му се кршат, под нив има само остра болка и крв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Почувствував ситна, но прилично остра болка, не знам каде точно ме боцна, ме задуши.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сетив остра болка на темето, го пуштив, се обидов да се извлечам од под него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Имаат ли души докторите, кога веќе немаат термини, за да сетат како венее и папсува - се прашуваше лозарот од Неготино меѓу две остри болки во стомакот, а поначесто и среде гради.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Станувајќи. Потпрен со дланката од десната рака, наеднаш почувствува остра болка до срцето. Офна.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Почувствував остра болка на тилот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Љупчо диво крикна од болка и со сета сила фати главата да ми ја удира.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)