На 13 декември 1989 година Арафат во првата официјална посета на Франција и средба со тогашниот претседател Франсоа Митеран, со залагање на тогашниот француски амбасадор во Тунис, Ерик Руло, близок пријател и голем познавач на палестинското прашање, ќе го потврди укинувањето на повелбата на Палестинската ослободителна организација, со која се потврдуваше оружената борба како единствен пат во ослободувањето на Палестина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Обично пиеше виски со млеко што некои дипломати во шега го идентификуваа и со неговиот карактер.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Потоа имав подолготрајна средба при неговата прва официјална посета на Тунис и Палестинската централа, но тоа е друго поглавје, од дипломатските години.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во други пригоди за помалку значајни телеграми добивани од Шестата управа сум покажувал поголема заинтересираност, возбуденост.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тоа беше дел од ритуалот при позначајните средби Арафат да се консултира, како и секогаш со една од водечките земји на неврзаните.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Набргу ќе се најде во официјална посета на Франција.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Арафат ќе го крене високо маслиновото гранче на мирот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Брзо сакам со еден поглед да ја примам сета содржина на телеграмата: не беше ниту повик за враќање, ниту барање, рапорт за палестинско-американските преговори, туку беше упатена порака до Јасер Арафат со која се бараше да бидат водени разговори со него, со неговите главни соработници со југословенска делегација на чело со Сојузниот секретар за надворешни работи на СФР Југославија Будимир Лончар, кој воедно требаше да оствари прва официјална посета на Република Тунис по падот на Хабиб Бургиба и по преземањето на власта од новиот претседател Абедин Зине Бен Али.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Настаните се одвиваа со филмска брзина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Меѓутоа, скорешната посета на федералниот министер за надворешни работи повеќе се должеше на неговата официјална посета на Тунис по падот на бургибизмот, отколку на некоја посебна иницијатива.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)