Една од најскандалозните измени беше онаа со која на работодавачот повторно37 му се дава можност да ја откупи, односно да ја замени со паричен износ во висина од 5.000 односно 8.000 ЕУР, забраната за вршење на работа (чл. 33 од ЗИДЗРО/фев.13), со што во праксата оние работодавачи кои остваруваат големи профити ќе можат да си дозволат да ги кршат работничите права! 2.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
179 Втората измена на ЗИПДНД (1992), од октомври 1992 година, ги укина сите одредби кои ја регулираа исплатата на платите и начинот на пресметка, освен оние одредби кои предвидуваа задолжителна исплата на платите во паричен износ, односно чек издаден од банка или пошта, забраните за исплата на плати од дневен пазар, како и исплата на плати и други надоместоци во бонови и натура и одредбите кои ја регулираат забраната за исплата на дивиденда кога сопственичката трансформација на претпријатието не е извршена согласно со Законот за општествениот капитал 8 (чл. 1, ЗИЗИПДНДР/окт.92).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Според обата наведени закони плаќањето на работниците со „бонови“ е нелегално по секој основ бидејќи се забранува исплата на плати од дневен пазар, како и исплата на плати и други надоместоци на плати во бонови и натура.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако една тужба, против истиот тужен, опфаќа повеќе барања што се засноваат врз иста фактичка и правна основа – вредноста се определува според збирот на вредноста на сите барања (чл. 30, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако, пак, тужбеното барање не се однесува на паричен износ, но тужителот во тужбата навел дека се согласува наместо исполнување на тоа барање да прими определен паричен износ – како вредност на спорот ќе се земе тој износ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако во поглед на висината на паричниот износ или количеството [ствари] се поделат гласовите на повеќе од две мислења, повторно ќе се разгледаат причините за секое мислење, па ако и по тоа не може да се постигне мнозинство, гласовите дадени за најголемиот паричен износ или количество ќе им се додадат на гласовите дадени за најблискиот помал паричен износ или количество, додека не се постигне мнозинство (чл. 123, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Интересни се два инструмента кои и стојат на располагање на на- шата држава за спогодбено разрешување на спор кој, преку аплика- ција, стигнал пред ЕСЧП: 1) Спогодба за пријателско решавање на предметот е изјава со која Владата на РМ се обврзува да му исплати на жалителот определен износ на парични средства или пак, преку домашните судови и државните органи, да преземе извршување на определени дејствија, за сметка на што жалителот се обврзува да престане со натамошни постапувања и барања пред Судот против РМ во односниот предмет, со што се постигнува конечно решавање на предметот; и 2) Еднострана декларација како изјава со која Владата ја признава сторената повреда на РМ и, ценејќи ги фактите и околностите на предметот, ја изразува спремноста да исплати одреден паричен износ – понизок од понудениот во спогодбата за пријателско решавање, со што се постигнува конечно решавање на предметот (чл. 2, ст.1, ал.2-3 од ЗЗРМПЕСЧП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Бирото работите од својата надлежност ги извршува преку: а) директор на Бирото [владин агент]; б) лица овластени од Владата, на предлог од владиниот агент и в) вработените во Бирото (чл. 5, ЗЗРМПЕСЧП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
2. Бидејќи вредноста на предметот на спорот е задолжителен елемент на содржината на секој тужба, таа in concreto беше паушално одредена на 100.00 МКД што, мораме да забележиме дека е мошне висока.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во сите други случаи, кога тужбеното барање не се однесува на паричен износ, како вредност на предметот на спорот се смета висината на таксената основица (чл. 33, ст.1 и ст. 3 in finito од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, според нашето граѓанско процесно право – кога составот на судот или правото на изјавување ревизија зависи од вредноста на предметот на спорот, а предмет на тужбеното барање не е паричен износ, тужителот е должен во тужбата да ја назначи 105 вредноста на предметот на спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По неколку месеци оттогаш, во ноември 2005, пресудата е извршена присилно од страна на судот (заб. со старите судски извршители тој е вратен на работа).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За времетраењето на судскиот спор не беше ниту побарана, ниту пак изречена некаква времена мерка и Авдиќ не примаше никаков паричен износ, а не беше ниту здравствено осигурен од страна на работодавачот – иако тоа право му следуваше.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако во поглед на одделни прашања за кои се одлучува се поделат гласовите на повеќе различни мислења, така што ниту едно од нив нема мнозинство, прашањата ќе се разделат и гласањето ќе се повторува сè додека не се постигне мнозинство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Платата на работниците правното лице ја исплатува исклучително во паричен износ, преку трансакциска сметка (чл. 8, ЗИП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)